Андоновски и Пешевска на форум на Меѓународната демократска унија во Вашингтон
- Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Жаклина Пешевска се во дводневна посета на Вашингтон, САД, каде што учествуваат на светскиот форум на Меѓународната демократска унија (International Democracy Union - IDU).
Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Жаклина Пешевска се во дводневна посета на Вашингтон, САД, каде што учествуваат на светскиот форум на Меѓународната демократска унија (International Democracy Union - IDU).
Во партиското соопштение се наведува дека обраќање на форумот имал Мајк Валц, новоназначениот советник за национална безбедност на идниот претседател на САД, претседателот на Републиканската партија, новата претседателка на британската Конзервативна партија, голем број сенатори и конгресмени на Републиканската партија.
-Андоновски се обрати на состанокот на Извршниот комитет на IDU во кој ја истакна посветеноста на новата Влада на Македонија кон реформите, даночната политика која привлекува инвестиции, поддршката за малите и средните претпријатија преку историски кредити со најниски каматни стапки, вложувањето во дигитализација и политиките на отворени врати за светските бизниси, информира ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека „уште еднаш покажува дека е дел од најзначајните светски настани на десничарските партии“. хс/лв/
Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ