• петок, 05 декември 2025

Андоновска: Судството кое го пушти Васил Јованов во Поправен дом наместо во затвор е виновно за смртта на младата Фросина на Партизанска

Андоновска: Судството кое го пушти Васил Јованов во Поправен дом наместо во затвор е виновно за смртта на младата Фросина на Партизанска

Скопје, 25 септември 2025 

Поединци во судството го деградираат неговиот кредибилитет, и ја уништуваат довербата на граѓаните во системот. Секој ден сведочиме на пресуди кои се правни преседани, и кои немаат никаква правна основа, туку се темелат единствено на судската корумпираност и компромитираност. Еден таков случај е и пресудата за поправен дом за Васил Јованов убиецот на Фросина, кој кога бил фатен со дрога и иако бил полнолетен, и иако не чувствувал вина за криминалот кој го направил, наместо затворска казна, добил пресуда упатување во поправен дом. За некое време потоа да видиме колку тој поправен дом го поправил, па на булеварот Партизански одреди ја усмрти младата Фросина возејќи во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Викторија Андоновска, што МИА го објавува интегрално.

Судството кое го пушти Васил Јованов да помине со казна упатување во поправен дом, е виновно за смртта на младата Фросина на Партизанска. Да завршеше Васил Јованов во затвор наместо во поправен дом, до смртта на Фросина најверојатно нема ни да дојдело.

Тоа што судиите во случајот Јованов пресудиле упатување во поправен дом е врв на безобразлук и немање осет за реалноста. Понесени од моќта, затвораат во затвор луѓе за кражби на ќебапи, а деликвентите ги пуштаат на слобода.

Судството мора да се менува. Промените не се опција, тие се моралност. И тие ќе се случат.


Линк од видео материјал:

https://youtu.be/DqHwUqVNBeM


https://www.swisstransfer.com/d/2a42a3b4-b1f8-43a1-8084-5bafe100443f

 


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан