Андоновска: Две години условно, за десетици, стотици упропастени животи на пациенти болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите
- Две години условно, за десетици, стотици упропастени животи на пациенти болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Викторија Андоновска, што МИА ја пренесува интегрално.
23 септември 2025
Две години условно, за десетици, стотици упропастени животи на пациенти болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Викторија Андоновска, што МИА ја пренесува интегрално.
Со години пациентите добивале физиолошки раствор наместо терапија, додека тие мислеле дека се лекуваат, тие всушност умирале.
Само судството на СДС и ДУИ со 2% доверба, која од вчера е 0%, може да донесе условна казна за ваков случај.
Стотици пациенти кои се надеваа дека животот ќе им биде продолжен, им бил скратен, а судството досудува условна пресуда.
2.2 милијарди денари е оштетен буџетот, со злоупотребата на терапијата и нејзиното препродавање, а судството донесува условна казна.
Во нормални околности по ваква пресуда ќе имавме разрешување на судии, а потоа и оставки од цел судски совет.
Судскиот систем е зрел за ремонт, и тоа мора да се случи. Неправдите не смеат да продолжат да бидат наше секојдневие.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/QzsfA-qGCpk
https://www.swisstransfer.com/d/9709df5e-2a89-4b91-a03b-7deb94d05d59
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ