• вторник, 05 ноември 2024

Англија сака да го задржи селекторот Саутгејт до 2026

Англија сака да го задржи селекторот Саутгејт до 2026

 

Лондон, 10 февруари 2024 (МИА) – Раководството на англиската фудбалска Федерација (ФА) е презадоволно од работата на актуелниот селектор Герет Саутгејт и ќе му понуди продолжување на соработката до 2026 година, пишува денеска лондонски Дејли Мејл.

Саутгејт седна на клупата на Англија во 2016 година и во случај да се согласи на продолжување на соработката ќе стане само третиот англиски селектор со децениски стаж на клупата.

Англија под водство на 53-годишниот Саутгејт дојде до полуфиналето на Мундијалот 2018 во Русија и финалето на Европското првенство во 2021, а следната година играше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

Најдолг стаж на селекторската клупа на Англија имаат Валтер Винтерботом, кој го предводеше „Гордиот Албион‘ во периодот од 1946 до 1962 и неговиот наследник Алф Ремзи (1963 – 1974) во чија ера Англија ја освои својата единствена светска титула. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан