• петок, 22 ноември 2024

Англија без капитенот Кејн против Бразил

Англија без капитенот Кејн против Бразил

 

Лондон, 23 март 2024 (МИА) – Напаѓачот на минхенски Баерн, Хари Кејн, нема да биде во тимот на Англија за вечерашниот пријателски натпревар против Бразил, а селекторот Герет Саутгејт изјави оти е „крајно неизвесно“ дали англискиот капитен ќе се рехабилитира од повредата за контролниот дуел со Белгија идната недела.

Букајо Сака, исто така, отпадна од комбинација поради повреда, а дуелот против Бразил ќе го пропуштат и Џордан Хендерсон и Кол Палмер.

Капитенот Кејн го повреди зглобот на последниот натпревар на Баерн Минхен минатиот викенд.

„Без Хари Кејн, без Џордан Хендерсон, без Кол Палмер“, изјави Саутгејт.

Англија вечерва на Вембли во Лондон го пречекува Бразил, а на истиот стадион во вторник е домаќин на Белгија.

„Би рекол дека Кол и Хендо имаат поголеми шанси за Белгија од Хари. Тој е крајно неизвесен за тој натпревар“, додаде Саутгејт. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан