• недела, 12 мај 2024

Англиски клубови бараат победникот во ФА Купот да земе една од квотите за Лигата на шампионите

Англиски клубови бараат победникот во ФА Купот да земе една од квотите за Лигата на шампионите

Лондон, 4 мај 2024 (МИА) - Членовите на групата „Фер Плеј“, која брои 34 екипи, побараа четвртата квота за англиските клубови во Лигата на шампионите да биде резервирана за победникот на ФА Купот.

Барањето е потпишано како од членовите на Фер Плеј, така и од тимовите кои лично протестираа до министерката за култура и спорт, Луси Фрејзер против отстранувањето на повторувањата на турнирот.

-ФА купот е симбол на фудбалската пирамида, долгата историја и традиции на нашата игра. Не можеме да си дозволиме да продолжиме да го девалвираме овој турнир. Првиот чекор е лесен - да му го дадеме четвртото место во Лигата на шампионите на победникот, изјави извршниот директор на „Фер Плеј“ Ниал Купер.

Во овогодинешното финале ќе се сретнат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Шампионите се сигурни учесници на турнирот на есен, а „црвените ѓаволи“ не можат да стигнат до четвртото место на шампионатот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан