• вторник, 19 ноември 2024

Англиската фудбалска лига и Фудбалската асоцијација договорија намалување на платите

Англиската фудбалска лига и Фудбалската асоцијација договорија намалување на платите
Лондон, 14 април 2020 (МИА) - Англиската фудбалска лига постигна договор со Професионалното здружение на фудбалери во земјата, што им овозможува на клубовите да ги намалат платите на играчите за 25 проценти во април. Мерката беше договорена откако фудбалот на Островот беше запрен на 13 март поради пандемија од коронавирус. Недостатокот на приход ги натера многу тимови да ослободат или испраќаат на задолжителен одмор дел од нивниот персонал, за да заштедат пари. Англиската фудбалска лига, која ја управува Премиер лигата и сите три дивизии под неа, и Здружението на професионални фудбалери имаа неколку состаноци уште од почетокот на кризата, но не успеаја да постигнат договор за намалување на платата. Страните се согласија дека мерката ќе важи за играчи кои заработуваат повеќе од 2.500 фунти месечно, а оние кои заработуваат до таа сума ќе продолжат да добиваат цела плата.

Тагови

Остани поврзан