• среда, 13 ноември 2024

Ангелов и претставници од Јапонска агенција меѓународна соработка во посета на Коџалија, во рамки на проектот за сопирање поројни поплави

Ангелов и претставници од Јапонска агенција меѓународна соработка во посета на Коџалија, во рамки на проектот за сопирање поројни поплави
Скопје, 21 мај 2021 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов заедно со претставници на локалната самоуправа од Општина Радовиш, оствари работна средба со претставници - експрети од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија, во село Коџалија. Целта на средбата е реализација на конкретни теренски согледувања и средба со мештаните за проектот за сопирање на поројни поплави во државата во соработка со Јапонија. Конкретно „Eco-system based Disaster Risk Reduction – ECO-DRR“. -Преку овој проект во Република С. Македонија ќе биде применет концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои во последните години предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина, стои во соопштението од ЦУК.свс/са/

Остани поврзан