• понеделник, 23 декември 2024

Ангелов: Апелираме до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат решение за оризопроизводителите

Ангелов: Апелираме до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат решение за оризопроизводителите
Скопје, 9 февруари 2022 По вчерашниот одржан протест од страна на оризопроизводителите на Источниот регион по нивно барање, односно по барање на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите одржавме заеднички состанок со сите градоначалници од засегнати подрачја, ги слушнавме нивните барања иако знаеме дека тие работи не се наша надлежност, меѓутоа цениме и сметаме дека нивните проблеми се и наши проблеми. Од таа причина апелираме до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат соодветно решение за да можеме да излеземе во пресрет заеднички на засегнатата група на граѓани. Исто така јас можам по заклучоците утврдени од одржаниот состанок можам да кажам дел од неисполнетите барања од страна на ресорното министерство, а тоа се неисполнетите субвенции, зголемување на зелената нафта што беше ветена и ред други работи. Апелираме уште еднаш владата да најде решени и да престане со своето луксузирање, мислам дека производителите на храна пред прагот на ново производна реколта се засегнати со реални проблеми, а дури има и дилема дали воопшто да се започне со припрема за истата таа нова реколта. Можам да кажам дека скоро секое семејство примарна егзистенцијална дејност е оризопроизводителството. Па можете и самите да претпоставите што би се случило ако дојде до тоа намалување или воопшто за прекинување на една традиција која што трае од 60-тите години на минатиот век. Тоа би било многу лошо за целиот регион, не само за нашата општина. Има една тенденција година врз година, односно година во година каде има намалување на истите и намалување на самата површина, а тоа се должи од неработењето на властите кои требаат да помагаат и да го слушнат побарувањето на самите производители. Не согласувам со тоа, бидејќи според мене тоа е чист популизам. Ако веќе е така треба да го гледаме и фидбекот на терен. Меѓутоа фактите се друго, а популизмот е друга работа и не се согласувам со тоа. Мислам дека и колегите градоначалници околу таа изјава го имаат истиот став. Далибор Ангелов, градоначалник на Општина Чешиново Облешево Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан