• понеделник, 23 декември 2024

Ангелова: Го штититме стандардот на народот, нови мерки за намалување на цените на пијалоците, овошјето и зеленчукот

Ангелова: Го штититме стандардот на народот, нови мерки за намалување на цените на пијалоците, овошјето и зеленчукот

Скопје, 27 септември 2023 

СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Продолжува реализацијата на мерките за намалување на цените на прехранбените производи.

Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10%.

Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%

Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.

Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите СДСМ го штити стандардот на граѓаните.

Минималната плата е покачена од 8.900 денари во 2016 година на 20.175 денари, просечната плата сега е над 36.000 денари.

Како резултат на покачувањето на платите од 2017 година наваму една минимална плата и една просечна плата ја надминуваат вредноста на потрошувачката кошничка.

На пример во 2022 година, 36.000 денари просечна плата + 20.175 денари минимална плата се поголем приход од 50.000 денари.

Тоа никогаш се нема случено пред 2016 година, за време на владеењето на ДПМНЕ.

СДСМ како одговорна партија, продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард.

 

Марија Ангелова, пратеничка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан