• петок, 22 ноември 2024

Ана Петровска: Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница

Ана Петровска: Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница
Скопје, 29 септември (МИА) - Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето таканаречени фантоми, но и образование и преквалификација за вработување, порачува Ана Петровска, кандидат на Зелен хуман град за градоначалник на Скопје. На средбата со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари се дискутирало за повеќе проблеми, помеѓу кои непостоењето на атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, како и тоа дека повеќето куќи немаат пристап за противпожарно или амбулантно возило. - Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи. Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град, истакнала Петровска. ар/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан