• вторник, 05 ноември 2024

Анадолија: Истанбулската полиција уапси шеф на финансиската мрежа на Мосад во Турција

Анадолија: Истанбулската полиција уапси шеф на финансиската мрежа на Мосад во Турција

Анкара, 4 септември 2024 (МИА) - Истанбулската полиција го уапси Лиридон Реџепи, кого Турската национална разузнавачка организација (МИТ) го идентификуваше како раководител на финансиската мрежа на Мосад во Турција, јави Анадолија повикувајќи се на безбедносни извори.

Според изворите, Реџепи ги управувал финансиските операции на израелската разузнавачка агенција Мосад во Турција. Исто така, се тврди дека било откриено дека Реџепи, по инструкции на израелската разузнавачка служба, спроведувал надзор со дронови и психолошки операции против палестински политичари.

Активностите на Реџепи, вклучувајќи сомнителни трансакции на неговите сметки, биле следени од страна на МИТ.

Истрагата утврдила дека тој префрлал значителни суми на пари преку Вестерн Унион на теренски агенти во Турција, кои собирале разузнавачки податоци за Сирија. Неговите активности биле следени од неговото влегување во земјата на 25 август.

Реџепи, кој беше уапсен од МИТ и истанбулската полиција на 30 август, признал дека пренесувал пари.

Операциите на МИТ откриле дека Мосад ги финансирал своите теренски агенти во Турција преку источните европски земји, пред сè Косово.

Истрагата покажа дека средствата од Косово биле префрлани на извори во Сирија преку Вестерн Унион и криптовалути, наведува Анадолија. ссм/

 

Остани поврзан