• петок, 28 јуни 2024

АМС ќе ги објави деталите за 47-от меѓународен турнир во одбојка „Бранко Хаџиоски Чајка“

АМС ќе ги објави деталите за 47-от меѓународен турнир во одбојка „Бранко Хаџиоски Чајка“

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт соопшти дека денеска на прес-конференција ќе ги објави деталите и информациите поврзани со 47-от меѓународен турнир во одбојка "Бранко Хаџиоски Чајка". Турнирот е закажан да се одржи од 18-ти до 20-ти август, 2023 година, во Спортската Сала "Борис Трајковски" во Скопје.

- Очекуваме да учествуваат репрезентациите на Египет, Грција, Јапонија и Северна Македонија, при што ќе биде претставена и деталната програма за настанот, велат од АМС.

Оттаму информираат дека на конференцијата, обраќање ќе има директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, организаторите на турнирот, како и претставници на Одбојкарска федерација. 

Прес-конференцијата е закажана за денеска во 13 часот во просториите на Агенцијата на 8 кат. сх/нд/

Фото; МИА Архива

Остани поврзан