• петок, 05 декември 2025

АМСМ: Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Грција

АМСМ: Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Грција

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Од 17:50 часот повторно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Р.Грција, поради протест на земјоделци, информираат од АМСМ.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. аа/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан