• сабота, 23 ноември 2024

Амнести Интернешнал: Во последните два месеца во Египет се погубени 57 лица

Амнести Интернешнал: Во последните два месеца во Египет се погубени 57 лица

Лондон, 2 декември (МИА) - Амнести Интернешнал објави извештај за бројот на егзекуции во Египет врз основа на изјави на роднини и адвокати на егзекутираните лица и изјави на невладини организации, пренесува Анадолија. Во извештајот се наведува дека египетските власти егзекутирале 57 лица само во октомври и ноември, а 32 во 2019 година. Во извештајот се наведува дека најмалку 15 егзекутирани лица биле претходно осудени во случаи поврзани со политичко насилство и дека овие пресуди биле донесени по неправедно судење во кое биле забележани сериозни кршења на човековите права. Според египетските закони, смртната казна се спроведува откако ќе биде одобрена од претседателот на државата, кој исто така има право да помилува и да ја намали казната.
И покрај кршењето на човековите права во земјата, египетските власти тврдат дека во земјата нема политички затвореници, дека притворите се во согласност со законот и Уставот, а египетското судство е независно и непристрасно. паг/    

Остани поврзан