• понеделник, 23 декември 2024

Амир-Абдолахиан: Хамас и Хезболах оружјето го набавуваат од Украина

Амир-Абдолахиан: Хамас и Хезболах оружјето го набавуваат од Украина

Доха, 11 декември 2023 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, денеска во Доха зборуваше за ситуацијата на Блискиот Исток и таму откри  од аде Хамас и Хезболах добиваат оружје.

Министерот кажа дека Хамас и Хезболах оружјето го набавуваат  од црниот пазар, особено од Украина.

-Тие од Украина можат да добијат што сакаат , рече Амир-Абдолахиан.

Тој додаде дека политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, лично му кажал дека „Хамас на овој начин може да се бори со години“.

Министерот Амир-Абдолахиан посочи дека Иран и Израел имаат само една заедничка работа. 

-Единственото нешто што Иран и Израел го делат е тоа што не веруваат во решение со две држави, кажа  Амир-Абдолахиан.

Тој го повтори иранскиот предлог за одржување референдум за одредување на судбината на Палестина, на кој ќе им биде дозволено да гласаат само на потомците на оние кои живееле таму пред 1948 година.

Иранскиот министер за надворешни работи потврди дека добиле американски пораки за напади врз нивните бази во Ирак и Сирија и притоа ја негираше вмешаноста на Иран, додавајќи дека „конфликтот веќе е проширен“.

-Во секој момент може да има регионална експлозија, додаде Амир-Абдолахиан. сд/

Остани поврзан