• среда, 27 ноември 2024

Амир-Абдолахиан: Проиранските групи не можат „да молчат“ пред она што се случува во војната меѓу Израел и Хамас

Амир-Абдолахиан: Проиранските групи не можат „да молчат“ пред она што се случува во војната меѓу Израел и Хамас

Техеран, 31 октомври 2023 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан денеска предупреди дека проиранските групи во регионот не можат „да молчат“ пред она што се случува во војната меѓу Израел и палестинското движење „Хамас“ и нагласи дека е неопходно итно да се стави крај на оваа војна, јавија француските медиуми. 

-Нормално е групите и движењата на отпорот да не молчат за видот на злосторствата што се вршат на палестинска територија во Појасот Газа. Тие нема да слушаат ничии совети, така што ние исто така мора да ја искористиме последната политичка можност да ја завршиме војната, рече Абдолахиан за време на посетата на Катар.

Јеменските бунтовници Хути денеска ветија дека ќе продолжат со нападите врз Израел откако испратија беспилотни летала во правец на израелска територија.

Речиси секојдневно има оган на северната граница на Израел меѓу израелските сили и либанската шиитска група Хезболах, едно од највлијателните проирански движења во регионот. Американските воени единици стационирани во Ирак биле нападнати 14 пати, а американските бази во Сирија биле под девет напади во последните две недели, соопшти Пентагон.

Иранскиот министер за надворешни работи во Доха се сретна и со неговиот катарски колега, шеикот Мохамед бин Абделрахман Ал Тани, кој исто така предупреди на опасноста од проширување на конфликтот и повика на итен прекин на огнот, според информациите на катарските медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан