• сабота, 23 ноември 2024

Амирабдолахиан: Околу 72 часа пред нападот врз Израел ги информиравме САД и земјите од регионот

Амирабдолахиан: Околу 72 часа пред нападот врз Израел ги информиравме САД и земјите од регионот

Техеран, 14 април 2024 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан изјави дека соседните земји биле информирани 72 часа пред одмаздничките напади врз Израел.

- Приближно 72 часа пред нашите операции ги информиравме нашите пријатели и соседи во регионот дека одговорот на Иран против Израел е сигурен, легитимен и неотповиклив, истакна Амирабдолахиан.

Тој додаде дека биле информирани и САД дека нападите врз Израел ќе бидат „ограничени“ и за самоодбрана. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан