• петок, 22 ноември 2024

Амир-Абдолахиан: Доколку веднаш не престанат нападите врз Газа можно е ширење на насилството на Блискиот Исток

Амир-Абдолахиан: Доколку веднаш не престанат нападите врз Газа можно е ширење на насилството на Блискиот Исток

Бејрут, 13 октомври 2023 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, денеска предупреди дека доколку веднаш не престанат израелските напади врз Појасот Газа насилството може да се прошири и на другите делови на Блискиот Исток.

Иранскиот министер за надворешни работи ова го кажа по состанокот со неговиот либански колега Абдала Бу Хабиб, во Бејрут, на кој двајцата повикаа на прекин на нападите врз Газа.

Гардијан пренесува дека министерот Амир-Абдолахиан се сретнал и со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, како и со премиерот на либанската преодна влада Наџиб Микати и со претседателот на парламентот на земјата. 

-Она што е чудно е што додека Америка ги повикува страните на воздржаност, во исто време им дозволува на ционистичките криминалци да убиваат жени, деца и цивили во Газа, рече шефот на иранската дипломатија. 

Амир-Абдолахиан додаде дека Америка не може да испраќа оружје и бомби кои убиваат жени и деца во Газа, а во исто време повикува на воздржаност. 

-Безбедноста и зачувувањето на мирот во Либан ни се важни, изјави ирански претставник по средбата со Микати. 

Пред да допатува во Бејрут шефот на иранската дипломатија го посети и Багдад, а во текот на денешниот ден треба да отпатува за сириската престолнина Дамаск. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан