• сабота, 23 ноември 2024

Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна

Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна
Лос Анџелес, 18 ноември 2021 (МИА) - Луѓето кои патувале во Рим знаат дека алкохолот е забранет во познатите туристички знаменитости. Но, американски посетители го научиле тоа на потежок начин... Двајца Американци неделава ги платија своите најскапи пијалаци во Рим, откако беа казнети затоа што пиеле пиво во Колосеумот. Прекршокот се случил на историското бојно поле за гладијатори. За тоа полицијата ги казнила со 800 евра. Иако туризмот претрпе тежок удар поради пандемијата, сепак Колосеумот е едно од најпосетуваните туристички места. Тој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и е познат по борбите со гладијатори и другите спектакли, со десетици илјади гледачи. Во 2019 година, Колосеумот го посетиле околу 7,6 милиони луѓе.  си/

Остани поврзан