• сабота, 10 август 2024

Американците го обезбедија првото место во поредокот на медалистите на Олимпијадата во Токио

Американците го обезбедија првото место во поредокот на медалистите на Олимпијадата во Токио
Токио, 8 август 2021 (МИА) – Спортистите на САД обезбедија победа во пласманот на медалисти на Олимпијадата во Токио. На последниот ден од Игрите, 39-от златен медал на САД му го донесоа американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките со резултат 3:0. Претходно, женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија и освои злато. Уште едно злато донесе велосипедистката Џенифер Валент. Така, на последниот ден од Олимпијадата во Токио, американскиот тим го надмина кинескиот тим по бројот на златни медали и ќе остане до крајот на лидерското место. САД имаат 39 златни, 40 сребрени и 33 бронзени медали, додека Кина има 38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени медали. На третото место е Јапонија (27-14-17). зс/

Остани поврзан