• понеделник, 23 декември 2024

Американските трупи остануваат во Литванија до јуни 2021 година

Американските трупи остануваат во Литванија до јуни 2021 година
Вилнус, 22 септември 2020 (МИА) - Нов контингент американски војници и оклопни возила ќе биде стациониран во Литванија во ноември, но нивното присуство не е поврзано со ситуацијата во соседна Белорусија, изјави денеска министерот за одбрана на Литванија, Раимондас Кароблис. Повеќе од 500 американски војници, 25 тенкови „Абрамс“ и околу 30 оклопни возила „Бредли“ ќе го заменат контингентот што пристигна во Литванија на 4 септември за двомесечен престој во близина на границата со Белорусија. Новите сили ќе останат до средината на јуни 2021 година. Министерот  Кароблис рече дека пристигнувањето на американската војска во Литванија не е поврзано со ситуацијата во Белорусија. Според него, белоруската воена активност близу границата е намалена овој месец во споредба со маневрите во август. - Присуството на САД нè прави поспокојни, но не е конкретно поврзано со ситуацијата во Белорусија, туку со геополитичката ситуација откако Русија ја започна својата агресија во Украина и Грузија, рече Кароблис. паг/    

Остани поврзан