• петок, 22 ноември 2024

Американскиот Сенат усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари

Американскиот Сенат усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари

Вашингтон, 23 март 2024 (МИА) - Сенатот на американскиот Конгрес рано изутрината усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари, со кој е отстранета заканата за блокирање на работата на владините агенции и се обезбеди финансирање на американската влада до септември.

За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори, а против беа 24, откако на полноќ истече рокот за финансирање на агенциите.

Предлог-законот во текот на денот треба да биде потпишан од американскиот претседател Џозеф Бајден за да стапи во сила.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека не е лесно да се постигне договор за буџетот, но упорноста се исплатеше.

Тој нацрт-закон вчера беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Усвојувањето на законот за финансирање на владата ќе стави крај на повеќемесечните жестоки расправии меѓу Демократската и Републиканската партија. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан