• петок, 22 ноември 2024

Американскиот разузнувач „Форест Шерман“ вплови во пристаништето во полски Гдањск

Американскиот разузнувач „Форест Шерман“ вплови во пристаништето во полски Гдањск
Гдањаск, 27 март 2022 (МИА) - Американскиот разурнувач УС С „Форест Шерман“ со ракетен систем и оружје од различен калибар денеска пристигна во полското пристаниште Гдањск. Разурнувачот ќе остане во Гдањск до крајот на март, јавуваат полските медиуми. -Пристигнавме во пристаништето Гдањск во рутинска посета. Нашата цел е да го покажеме американското присуство во Балтичкото Море и да ги убедиме нашите сојузници во НАТО дека можеме брзо да реагираме на каква било потенцијална агресија во регионот, изјави командантот на американската морнарица Мет Заблик. Заблик, исто така, кажа и дека американските војници ќе му помогнат на Гдањск во обезбедувањето хуманитарна помош за бегалците од Украина. сд/

Остани поврзан