• петок, 22 ноември 2024

Американскиот новинар Гершкович останува во притвор во Русија, судот ја одби неговата жалба

Американскиот новинар Гершкович останува во притвор во Русија, судот ја одби неговата жалба

Москва, 14 декември 2023 (МИА) - Новинарот на „Волстрит журнал“ Иван Гершкович, кој беше затворен во Русија под обвинение за шпионажа, останува во притвор бидејќи Градскиот суд во Москва, каде што е притворен, денеска ја одби неговата жалба.

Гершкович беше уапсен во март додека известуваше од градот Екатеринбург, а руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека тој „под инструкции на Соединетите Американски Држави собирал информации што претставуваат државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на руски воено-индустриски комплекс“.

Гершкович е првиот американски новинар обвинет за шпионажа во Русија од 1986 година, кога КГБ го уапси Николас Данилоф, московскиот дописник на американскиот „Њуз и ворлд репорт“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан