Американскиот министер за одбрана Хегсет во Брисел и Нормандија
- Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет в четврток ќе го посети Брисел каде ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, а следниот ден ќе биде во Франција за одбележување на годишнината од Десантот на Нормандија, соопшти Пентагон.
Вашингтон, 3 јуни 2025 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет в четврток ќе го посети Брисел каде ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, а следниот ден ќе биде во Франција за одбележување на годишнината од Десантот на Нормандија, соопшти Пентагон.
Во Европа, Хегсет ќе ги повика сојузниците од алијансата да издвојуваат по пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана, информира Пентагон. Се очекува наскоро тоа да го направи и претседателот на САД, Доналд Трамп. јт/
Фото: EПА