Американскиот Конгрес го укина ексклузивното право на претседателите да ги исклучат САД од НАТО
- Ова е поодамнешна иницијатива на сенаторите Тим Кејн и Марко Рубио, првиот демократ од Вирџинија, вториот републиканец од Флорида. Дојде на ред на усвојување како дел од усвоениот буџет за одбрана кој што синоќа беше одобрен од Претставничкиот дом, и како што се очекува, треба да биде потпишан од претседателот Џо Бајден.
Вашингтон, 15 декември 2023 (МИА) - Конгресот синоќа одобри нацрт-закон според кој претседателот на САД нема да може дa одлучува индивидуално за истапување на земјата од НАТО без одобрение од Сенатот или усвојување на соодветен закон.
Ова е поодамнешна иницијатива на сенаторите Тим Кејн и Марко Рубио, првиот демократ од Вирџинија, вториот републиканец од Флорида.
Дојде на ред на усвојување како дел од усвоениот буџет за одбрана кој што синоќа беше одобрен од Претставничкиот дом, и како што се очекува, треба да биде потпишан од претседателот Џо Бајден.
Сенатот гласаше со 65 „за“ и 28 „против“, и во законот се подвлекува приврзаноста на Конгресот кон Алијанстата, која стана цел на критики од поранешниот претседател Доналд Трамп. Подржувачите на Трамп, водечки кандидат на републиканците на претедателските избори идната година, велат дека тој ги убедил европските земји да издвојуваат повеќе за одбрана.
Алијансата доби ново значење за единството на западните сојузници откако Русија ја нападна Украина во фебруари 2022 година.
-НАТО покажа цврстина во одговор на војната на Путин во Украина и растечките предизвици низ целиот свет, изјави Кејн.
Според него, предлог законот „ја подврдува подршката на Соединетите Држави за таа најзначајна алијанса која е основа на националната безбедност“ на земјата.
-НАТО испраќа моќен сигнал на авторитарните режими низ целиот свет дека слободноит свет е обединет, изјави Кејн.
Рубио изјави дека мерката е значаен инструмент за надзорната улога на Конгресот.
-Треба да направиме сѐ за заштита на нашите национални интереси и безбедноста на нашите демократски сојузници, изјави тој.
За време на Бајден НАТО стана многу посилна организација. САД испратија во Европа дополнителна војска и воени ресурси, а како демонстрација на сила кога Путин врши воена агресија на Украина. Притоа алијансата се прошири со Финска, а се привршува и приемот на Шведска. кб/ сд/