• петок, 22 ноември 2024

Американскиот конгресмен Тарнер тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД

Американскиот конгресмен Тарнер тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД

Вашингтон, 14 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД.
Тарнер денеска испрати е-пошта до членовите на Конгресот, велејќи дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“.

Републиканскиот конгресмен не даде повеќе детали за наводната закана.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите во Белата куќа дека в четврток ќе се сретне со Тарнер и со уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање, но тој не даде никакви детали за наводите на Тарнер. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан