• понеделник, 23 декември 2024

Американска амбасада во БиХ: Прославувањето на 9 јануари како Ден на РС е противуставно, очекуваме судството да постапи

Американска амбасада во БиХ: Прославувањето на 9 јануари како Ден на РС е противуставно, очекуваме судството да постапи

Бања Лука, 9 јануари 2023 (МИА) - Американската амбасада во Босна и Херцеговина (БиХ) денеска соопшти дека Уставниот суд на БиХ во неколку пресуди јасно укажал дека одбележувањето на Денот на Република Српска (РС) на 9 јануари е противуставно.

„Проблемот не е во прославата на празникот, туку во одлуката за негово празнување  на 9 јануари. Поврзувањето на тоа празнување со православен верски празник е спротивно на неколку одредби од Уставот на Босна и Херцеговина, кои забрануваат дискриминација. Тоа е прашање на закон, а не нечие мислење“, се нагласува во соопштението.

Се додава дека членот 3 од Дејтонскиот устав пропишува дека ентитетите мора целосно да ги почитуваат одлуките на институциите на БиХ, вклучително и конечните и обврзувачки пресуди на Уставниот суд на БиХ.

„Согласно Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, непочитувањето на пресудите на Уставниот суд на БиХ претставува кривично дело“, се наведува во соопштението на Американската амбасада во БиХ.

САД, се посочува, очекуваат релевантните институции за спроведување на законот и правосудните институции да спроведат истрага за секој случај на прекршување на законот поврзан со одбележувањето на Денот на Република Српска на 9 јануари.

„САД реагираа на антидејтонските акции и претходно и нема да се двоумат да го сторат тоа и во иднина“, се нагласува во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан