• вторник, 05 ноември 2024

Американската крајбрежна стража заплени дрога во вредност од 1,4 милијарди долари

Американската крајбрежна стража заплени дрога во вредност од 1,4 милијарди долари

Порт Еверглајдс, 6 август 2021 (МИА) - Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида“.
- Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража, рече командантот Стивен Полин на прес - конференција во Порт Еверглајдс, 45 километри северно од Мајами.
Тој прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.
- Овие заплени беа извршени од неколку единици на крајбрежната стража со помош на канадската морнарица и со воздушна поддршка на граничната полиција на САД, рече капетанот Тод Венс. Според него, „овие екипи и нивните напори нанесоа голем удар во борбата против криминалните мрежи и нивното дестабилизирачко влијание“ - На тоа сме сведоци во Централна Америка и на јужната граница на нашата нација, додаде тој.
 

Остани поврзан