• понеделник, 23 декември 2024

Американската војска изврши напади во самоодбрана врз складишта на Хутите во Јемен

Американската војска изврши напади во самоодбрана врз складишта на Хутите во Јемен

Тампа, 23 март 2024 (МИА) - Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) објави дека американската војска извршила напад во самоодбрана врз три подземни складишта на јеменските бунтовници Хути во областите на Јемен кои се под контрола на групата.

Од командата соопштија дека Хутите истрелале четири противбродски балистички ракети во Црвеното Море од областите во Јемен што ги држат под нивна контрола.

Хутите напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од средината на ноември како одговор на, како што наведуваат, израелската инвазија на Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан