• сабота, 06 декември 2025

Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана

Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана

Багдад, 11 јуни 2025 (МИА) - Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемени безбедносни закани во регионот, изјавија денеска ирачки безбедносен службеник и американски извор за американски медиуми.

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, изјави претходно денеска, осврнувајќи се на разговорите со САД за нуклеарната програма на Иран, дека „некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако разговорите не бидат успешни“.

„Доколку ни се наметне конфликт, сите американски бази се во наш дострел и ние ќе ги таргетираме во соодветните земји“, рече Насирзаде.  зш/
фото ЕПА

Остани поврзан