• сабота, 23 ноември 2024

Американската амбасада во Анкара ја прекинува својата работа од безбедносни причини

Американската амбасада во Анкара ја прекинува својата работа од безбедносни причини
Анкара, 23 октомври 2020 (МИА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Анкара соопшти дека привремено ќе ја прекине работата на сите служби во Турција, поради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски граѓани во Истанбул. Амбасадата соопшти дека добила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и други странски државјани во Истанбул. Исто така, Амбасадата наведува дека во извештаите се вели дека се можни напади врз генералниот конзулат на САД во Турција, како и други локации во земјата. паг/

Остани поврзан