Американец убиен во борбите во Украина
- Државјанин на САД бил убиен во борбите во Украина. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра.
Вашингтон, 13 октомври 2022 (МИА) - Државјанин на САД бил убиен во борбите во Украина. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра.
Портпарол на Стејт департментот потврдил оти државјанин на САД загинал во источниот регион Донбас.
- Ние сме во контакт со семејството и ја обезбедуваме сета соодветна помош. Поради почит кон приватноста на семејството во ова тешко време, немаме што да додадеме, изјави портпаролот.
Стејт департментот не соопшти како настапила смртта. бд/зш/