• петок, 05 декември 2025

Американецот Прајс нов кошаркар на Пелистер

Американецот Прајс нов кошаркар на Пелистер

Битола, 4 септември 2025 (МИА) – Американецот Остин Прајс е нов кошаркар на Пелистер. Тој потпишува договор на една сезона.

Дваесет и деветгодишниот Прајс кој игра на бековската позиција е второто странско засилување за битолчани. Претходно беше потпишан договор со Никола Малешевиќ.

Прајс минатата сезона настапуваше во романскиот шампионат Плоешти и оствари просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар.

Американецот претходно три сезони мина во холандски Ден Бош, беше дел и од израелскиот шампионат како член на Макаби Ра’анана и на Ирони Нес Зиона, а прв ангажман во Европа му беше потписот за бугарски Берое во 2019 година.

Прајс ќе пристигне во Битола во текот на денешниот ден и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Даскаловски. зс/

Фото: КК Пелистер

Остани поврзан