• сабота, 27 април 2024

Американецот Аџеј Банга единствен кандидат за наследник на претседателот на Светска банка

Американецот Аџеј Банга единствен кандидат за наследник на претседателот на Светска банка
Вашингтон, 30 март 2023 (МИА) - Американскиот кандидат Аџеј Банга е единствениот предложен за наследник на актуелниот претседател на Светската банка, Дејвид Малпас, соопшти денеска институцијата.

„Управниот одбор доби една кандидатура и прецизира дека Аџеј Банга, американски државјанин, ќе биде земен предвид за таа позиција“, се вели во соопштението на Светската банка.

Аџеј Банга е Американец со индиско потекло.

Досегашниот претседател на Светска банка Дејвид Малпас треба да ја напушти функцијата најдоцна до крајот на јуни, а името на неговиот наследник ќе биде објавено на почетокот на мај. паг/


Остани поврзан