• четврток, 07 ноември 2024

Амбасадорот Марковски во работна посета на РИКО

Амбасадорот Марковски во работна посета на РИКО
Тирана, 22 февруари 2022 (МИА) - Амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба во седиштето на меѓународната регионална организација, РИКО (RYCО), информираа од амбасадата. - Средбата со генералниот секретар Алберт Хани, претставник од Северна Македонија, и одговорните лица за проектите, искористена за непосредно информирање со активностите со кои се промовира духот на соработка и заедништво меѓу младите во регионот на Западен Балкан, стои во објавата на амбасадата. Се додава сека амбасадата понудила активна поддршка и соработка со РИКО во реализацијата на неговата благородна мисија. РИКО е дел од Берлинскиот процес кој започна од пред девет години како иницијатива за регионална соработка и приближување на Западниот Балкан до ЕУ. Седиштето е во Тирана, а учествуват шест држави од регионот на западен Балкан, меѓу нив и Северна Македонија. вт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан