• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадорката на Израел, Симоне Франкел, во посета на ИДКНА

Амбасадорката на Израел, Симоне Франкел, во посета на ИДКНА
Скопје, 9 март 2022 (MIA) - Достигнувањата кои Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) ги имаше во изминатиот период беа главна тема на разговор на директорот оваа научна институција Скендер Асани со амбасадорката на Израел, Симоне Франкел. Во рамките на посетата, како што соопшти Институтот, Асани ја информираше амбасадорката Франкел за сите досегашните активности, но и за оние што ќе следат во иднина, при што истакна дел од нив. Израелската амбасадорка изрази задоволство и честитки за работата, со оглед на фактот дека ИДКНА веќе има свој идентитет и профил, вклучувајќи ја и работата на Одделот за едукација и проучување на холокаустот, во чии рамки веќе е формирана елаборирана стратегија за Холокаустот. Како дел од оваа стратегија, според Асани, се публикации, научни конференции, документарни филмови и студиски посети на Израел, каде што неодамна се стекнаа значајни искуства за начинот на пристапување кон оваа тема, односно кон геноцидот врз еврејскиот народ, што може да послужи како пример за сите оние кои доживеале геноцид на својата кожа, се наведува во соопштението. Како резултат на тоа, нагласи директорот Асани, ИДКНА се покажа како лидер во регионот со објавувањето на неколку публикации, од кои особено е важен четиријазичниот Прирачник за едукација и проучување на холокаустот на ИХРА, наменет за наставниците од основните и средни училишта, потоа книгата „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“ и некои живописни мемоари и хроники за тоа како протагонистите ја преживеале фашистичката голгота и начинот на кој успеале да побегнат од Македонија, Косово и Албанија. - Во однос на идните планови, Асани ја информираше израелската амбасадорка за проекти и настани кои ќе бидат продолжение на правецот што досега го следеше ИДКНА, а меѓу другото, ја спомена монографијата „Македонските праведници меѓу народите“, која по повод 79-годишнината од депортацијата на Евреите од Северна Македонија ќе ја објави Одделот за едукација и проучување на холокаустот под авторство на Маја Суша, одговорна за овој Оддел. Во оваа прилика директорот Асани ја покани амбасадорката на Израел да учествува на промоцијата на оваа книга што ќе се одржи на 14 март. оџ/сп/

Остани поврзан