• петок, 22 ноември 2024

Амбасадата на Русија упати протестна нота до Осло поради протерување на руски дипломат

Амбасадата на Русија упати протестна нота до Осло поради протерување на руски дипломат
Москва, 19 август 2020 (МИА) - Амбасадата на Русија во Норвешка денеска соопшти дека упатила официјална жалба до Осло откако норвешката полиција уапси и претресе руски дипломат, кој во меѓувреме е протеран од земјата. Претходно, портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи, Сири Свендсен изјави дека Норвешка протера еден руски дипломат. Тоа уследи откако пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија. - Го известивме амбасадорот на Русија дека еден службеник од Амбасадата е непожелен како дипломат и оти ќе биде замолен да ја напушти Норвешка, наведе Свендсен. Норвешката разузнавачка служба (ПСТ) во понеделникот соопшти дека пред два дена уапсила Норвежанец осомничен дека предал чувствителни информации на лице идентификувано како агент на руските разузнавачки служби. Рускиот дипломат од Трговското одделение на Амбасадата ќе мора до крајот на неделата да замине од Норвешка. Додека уапсениот Норвежанец работел во Канцеларијата за сертификати, спцијализирана за проверка на индустриските инсталации и на сообраќајните средства. Тој признал дека предал инфоцмации за замена за „значителна сума пари“, но оти верува дека таквите информации не ги загрозуваат државните интереси. ПСТ во својот годишен извештај, објавен во февруари, предупреди на ризиците од шпионажа во корист на Русија, Кина и Иран во разни области. ми/

Остани поврзан