• среда, 25 декември 2024

Амазон ги суспендира испораките во Русија, се повлекуваат и Нестле и Филип Морис

Амазон ги суспендира испораките во Русија, се повлекуваат и Нестле и Филип Морис
Њујорк, 10 март 2022 (МИА) - Американскиот гигант во онлајн трговијата Амазон ја суспендира испораката на производи до приватни клиенти во Русија и Белорусија како одговор на војната во Украина. Компанијата исто така објави дека ќе ги блокира корисниците во Русија да пристапат до нејзината услуга за стриминг Prime Video до натамошно известување. Покрај тоа, Амазон повеќе нема да прифаќа нарачки за New World, единствената видео игра што компанијата ја продава директно во Русија. Компанијата нагласи дека не соработува со центри за податоци, инфраструктура или канцеларии во Русија и дека има „долгогодишна политика да не соработува со руската влада“. Во Русија повеќе нема да работат ниту Нестле и тутунските брендови Филип Морис и Империјал Брендс. Тие се последните на списокот на мултинационални корпорации кои се повлекоа од Русија по зголемениот притисок врз западните компании да заземат став за руската инвазија на Украина. ссм/  

Остани поврзан