• понеделник, 23 декември 2024

Ал Шабаб нападна воени бази во Сомалија

Ал Шабаб нападна воени бази во Сомалија
Могадишу, 3 април 2021 (МИА) – Милитантната исламистичка група Ал Шабаб рано утрово нападна две воени бази на сомалиската армија, јавија светските агенции повикувајќи се на сведоци и изјави на милитантите. Според очевидци, две експлозии се слушнале од базите кои се наоѓаат на околу 100 километри југозападно од главниот град Могадишу. Се слушнала и трета експлозија, а по нападот воен конвој се движел кон базите. За сега нема официјални информации за евентуални жртви. јт/

Остани поврзан