• петок, 05 јули 2024

Ал Хилал го промовира Нејмар

Ал Хилал го промовира Нејмар

Ријад, 15 август 2023 (МИА) - Ал Хилал го објави потписот на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Саудискиот клуб на својата страница на Твитер објави видеопрезентација на Бразилецот.

 

Претходно беше објавено дека 31-годишниот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со клубот. Ал Хилал ќе му плати на напаѓачот околу 160 милиони евра за две сезони.

 

Претходно, Нејмар играше за Сантос (2009-2013), Барселона (2013-2017) и ПСЖ (2017-2023). За последниот клуб одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и даде 77 асистенции. 

 

Договорот на Нејмар со парижаните беше со важност до летото 2025 година. зс/

 

Фото: Ал Хилал

Остани поврзан