• понеделник, 23 декември 2024

Ал Малики: Израел го користи изгладнувањето на Палестинците како „средство за војување“

Ал Малики: Израел го користи изгладнувањето на Палестинците како „средство за војување“

Рамала, 12 декември 2023 (МИА) - Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Ал Малики денеска го обвини Израел и неговите воени сили дека намерно ги изгладнува Палестинците во Појасот Газа, нарекувајќи го тоа „средство за војување“.

-Додека зборуваме, најмалку еден милион Палестинци во Појасот Газа, од кои половината се деца, гладуваат, не поради природна катастрофа или недостаток на дарежлива помош што чека на границата. Не, тие умираат затоа што Израел намерно го користи нивниот глад како средство за војување против луѓето што ги окупира, рече Ал Малики за време на неговото обраќање на собирот на ОН по повод 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

Тој додаде дека ваквата заштита на Палестинците е „целосен меѓународен неуспех“.

-Наместо да инсистираме на почитување на основното право на палестинскиот народ да јаде и пие вода, ние ја живееме оваа дистописка реалност која ги исклучува Палестинците од основните, најосновните права дадени на сите човечки суштества, рече Ал Малики. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан