• сабота, 21 декември 2024

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива Орхан Муртезани, едногласно е избран за кандидат на партијата за министер во Министерството за европски прашања, соопштија од партијата. 

Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

- Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини - универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива, стои во соопштението. 

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

- Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива, соопштија од партијата. цр/

Фото: Алтернатива

Остани поврзан