• петок, 05 декември 2025

Алтернатива за Германија планира да формира нова младинска организација

Алтернатива за Германија планира да формира нова младинска организација

Берлин, 14 август 2025 (МИА) - Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ги потврди плановите за формирање нова младинска организација, објави ДПА.

Основањето е планирано за крајот на ноември во градот Гисен, северно од Франкфурт. Портпарол на партијата потврди дека основачкиот состанок е планиран за 29 и 30 ноември. На состанокот ќе се избере одбор на директори за новата организација и ќе се одреди нејзиното име и лого, рече тој.

Претходното младинско крило на антиимиграциската партија Млада алтернатива (MA) беше во голема мера независно здружение. Беше распуштено на крајот на март по одлуката на партиската конференција на АфД.

Планот за формирање нова организација се базираше на желбата на партијата да добие поголемо влијание врз младите луѓе.

Исто така, имаше загриженост дека MA може да биде забранета откако германските разузнавачки служби пронајдоа докази за антидемократски аспирации и ја класифицираа како десничарска екстремистичка организација.

Се претпоставува дека организацијата наследничка ќе биде потесно поврзана со АфД во иднина.

Весникот „Билд“ објави дека се дискутира за кандидатурата на Жан-Паскал Хом, член на покраинскиот парламент на АфГ во Бранденбург, како лидер на новата организација.

На социјалната платформа „Х“, претседателот на АфД во Бранденбург и член на Бундестагот, Рене Спрингер, се заложи за поставување на Хом на чело на новата организација. мс/

Остани поврзан