• четврток, 21 ноември 2024

Алсат: Претседателот на ФФМ, Сејдини, физички нападнат од маскирани лица

Алсат: Претседателот на ФФМ, Сејдини, физички нападнат од маскирани лица

 

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат.

Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан