„Алпина“ го претстави новиот теренец „Икс-бе-7“
- Достапна е и функцијата „водопад-светлина“ којашто може да се активира во возењето. Уникатниот изглед на долниот дел го прави теренецот многу „агресивен“ по изглед, а одзади има чифт предизај

Минхен, 21 септември 2022 (МИА) - „БМВ“ го претстави обновениот модел „Икс-7“ во април годинава, а неколку часа подоцна и „Алпина“ го покажа својот голем теренец „Икс-бе-7“ - со истите поделени фарови, но сега уште помоќен.
Дизајнот на предната табла е практично ист, што значи дека сѐ уште има поделени фарови со масивна решетка меѓу нив. И двата дела на решетката се осветлени, а достапна е и функцијата „водопад-светлина“ којашто може да се активира во возењето. Уникатниот изглед на долниот дел го прави теренецот многу „агресивен“ по изглед, а одзади има чифт предизајнирани издувни врвови сместени на задниот браник.
