• петок, 22 ноември 2024

Алонсо спремен да се врати во Формула 1

Алонсо спремен да се врати во Формула 1
Енстон, 19 мај 2020 (МИА) - Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо е подготвен да се врати во Формула 1 следната година. 38-годишниот Шпанец се повлече од Формула 1 кон крајот на 2018 година, но веќе размислува да се врати. Двократниот светски шампион е во контакт со Рено, но сè уште не е постигнат договор, изјави советникот на Алонсо, Флавио Бриjаторе. - Фернандо е мотивиран. Година надвор од Формула 1 му одговараше. Тој се детоксираше и е подготвен да се врати, рече Бријаторе. Засега Рено има отворено место за 2021 година, откако Даниел Рикардо потпиша договор со Мекларен, и постои реална можност легендарниот Алонсо да биде нов тимски колега на Естебан Окон за следната сезона.

Тагови

Остани поврзан