Алонсо за борбата за титулата: Не сме еуфорични, чекаме Баерн да погреши
- Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо изјави дека тимот што го предводи се уште сака да се бори за одбрана на шампионската титула во Германија, но дека не е особен оптимист со оглед на нивото на игра на неговите играчи

Леверкузен, 13 април 2025 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо изјави дека тимот што го предводи се уште сака да се бори за одбрана на шампионската титула во Германија, но дека не е особен оптимист со оглед на нивото на игра на неговите играчи.
Баер Леверкузен ремизираше со Унион Берлин во саботата. „Фармацевтите“ имаа иницијатива во текот на целиот натпревар, но не успеаја да создадат надежни можности за гол и голот не беше реализиран.
Подоцна во текот на денот, Баерн ремизираше со Борусија Дортмунд во дербито од 29. коло во Бундес лигата.
-Сегашното чувство е дека ќе биде уште потешко отколку што очекувавме. Ситуацијата беше јасна - со победа имавме шанса да ја намалиме негативата, но сега треба да чекаме уште грешки од Баерн. Имавме можност да се доближиме до лидерите и не ја искористивме. Има уште пет натпревари до крајот, но не сме еуфорични врз основа на моменталната ситуација. Мора да почекаме... ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но подготвени сме за секое сценарио и подготвени сме да прифатиме реализација на било кое од нив, изјави Алонсо.
Баерн е лидер во германското првенство со 69 бодови, додека Баер има 6 помалку. дс
Фото: Архива