• вторник, 17 декември 2024

Алонсо заминува од Баер Леверкузен на крајот од сезоната

Алонсо заминува од Баер Леверкузен на крајот од сезоната

Леверкузен, 14 ноември 2024 (МИА) - Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен на крајот од сезоната 2024-2025, тврдат шпанските медиуми. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и Реал Мадрид е еден од најпочитуваните млади тренери откако минатата година ја предводеше германската екипа до сезона без пораз во домашното првенство.

Актуелниот договор на шпанската легенда со шампионот во Бундеслигата истекува во летото 2026 година, но според „Еуроспорт Шпанија“, тој всушност ќе замине една година порано. Алонсо минатата сезона беше силно поврзуван и со Ливерпул и со Реал Мадрид поради неговата извонредна работа со Баер Леверкузен, кој ја загуби шансата за невидена сезона без пораз во сите натпреварувања по поразот од Аталанта во финалето на Лига Европа - последниот натпревар од сезоната.

Сепак, извештајот на „Еуроспорт“ го поврзува Алонсо со работата во Реал Мадрид која моментално ја држи Карло Анчелоти. Договорот на италијанскиот стручњак на „Сантијаго Бернабеу“ исто така истекува во 2026 година, оставајќи нејасно дали Алонсо навистина ќе се врати во својот поранешен клуб.

Споменатиот договор на Анчелоти претставува сериозна пречка за враќање на Алонсо, кој важи за амбициозен и сака да го направи следниот чекор во кариерата.

Се верува дека Алонсо се уште нема јасен план за следната сезона и дека не го посочил Реал Мадрид како причина за заминување од Леверкузен, каде остави силен впечаток. дс

Фото: Архива

Остани поврзан